Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Собранието ги констатира оставките, Таравари веќе не е министер

Собранието на денешната седница ја констатираше неговата и оставките кои од функциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на денешната седница ја констатираше неговата и оставките кои од функциите ги поднесоа заменик-министрите за земјоделство Фљакрон Беџети и за одбрана Елфете Исмаили од редовите на Алијанса за Албанците. Ниту Таравари ниту двајцата заменик-министри не беа присутни на денешната собраниска седница за да ги образложат оставките, нивниот пример денеска го следи и Националниот координатор за нови техногии Блерант Рамадани.

Во Вреди сметаат дека станува збор само за неколкумина индивидуалци, додека останатите, ќе продолжат да бидат дел од Владата и новоформираната партија „Вреди“. Билал Касами оценува дека сега има и трета Алијанса за Албанците, но за нив се важни да ги задржат гласачите кои претходно го гласаа Таравари. Прашан кој ќе ги замени тие што поднесоа оставка во Владата, рече дека во тек се консултации со премиерот и деновиве ќе бидат познати нивните имиња.

– Овие денови ќе се знаат имињата на министри, заменик министри. За нас е тоа важен процес, затоа што министерството за здравство е многу важно министерство за да имаме резултати кои сме ги нуделе на граѓаните на последните парламентарни избори. Само индивидуи кои соработуваат на некој начин или форма со ДУИ не се добредојдени, но ние цениме дека Алијанса на Албанците и сите кои сакаат да останат во Алијанса на Албанците и следователно на тоа и на Вреди, се добредојдени. Така да веќе почна тоа како процедура, изјави Касами.

Реклама

Во меѓувреме, „ВРЕДИ“ ја официјализираше и новата пратеничката група која сега брои 9 пратеници. Координаторот Беким Ќоку очекува десетиот пратеник кој ќе им се приклучи да биде Салим Сулејмани од крилото на Таравари, кој викендов се повлече од партиските функции, но веројатно ќе ја задржи пратеничката функција. Ќоку упати апел и до другите пратеници, особено до оние го поддржаа крилото на Арбен Таравари, да се вратат во групата.

Освен пратеникот Сулејмани, по различен пат со Таравари тргна и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи кој веќе извесно ќе остане дел од Владата. Тој во ТВ интервју синоќа изјави изјави дека Алијансата за Албанците сѐ уште е дел од Владата, бидејќи, како што рече, од вкупно 50 државни функционери именувани на позиции од редовите на партијата, само тројца досега поднеле оставка.