Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Собранието ќе ја почне 102 седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница на која на дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. 

На предложениот дневен ред е Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат донесени Предлог законот за младински додаток и измените, дополнувањата на Законот за индустриски-зелени зони (двата во второ читање) и Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2027-2031 година.  

По скратена постапка се предлага да бидат донесени измени и дополнувањa на Законот за Владата на Македонија, на Законот за медијација, на Законот за основното образование, на Законот за средното образование, дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите и на Законот за здравственото осигурување, Предлог закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, дополнување на законот за јавните патишта, дополнување на Законот за локалната самоуправа, измени на Законот за ученичкиот стандард, измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард, измени на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, измени на Законот за внатрешни работи, измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција и на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. По скратена постапка ќе се носи и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија. 
 
На дневен ред е и Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Македонија за 2025 година, како и барањата за автентично толкување на член 5 ставови (2) и (3) од Законот за данокот на личен доход поднесено од пратеник Оливер Спасовски на член 18 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, поднесено од пратеникот Зоранчо Јованчев, на члеовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-2005/1 од 15.03.2024 година, на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-7116/1 од 16.12.2025 година и на член 5, ставови (2) и (3) од Законот за данок на личен доход, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев.