Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Собранието ќе ја одржи 81. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 81. пленарна седница, на чиј дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи новата 81. пленарна седница, на чиј дневен ред се 10 точки.

Пратениците ќе расправаат за предлог-одлуката за изменување на одлуката за одобрување да се продолжи рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Македонија, предлог-законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за системот за процена на лицата со попреченост, предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали, сите во второ читање, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата, и двата по скратена постапка.

Исто така, пред пратениците се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година.