Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Соборен рекорд: Букер оддржа 25-часовен говор во Сенатот против Трамп

„Се исправам овде со намера да го нарушам нормалниот тек на работа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Се исправам овде со намера да го нарушам нормалниот тек на работа во Сенатот на САД и ќе останам стоејќи додека сум физички способен. Се исправам вечерва, бидејќи искрено верувам дека нашата земја е во криза“, изјави тој вчера на почетокот на својот маратонски говор.

Обраќањето на сенаторот од Њу Џерси го урна рекордот од 1957 година, поставен од Стром Тарман – сенатор од Јужна Каролина, поддржувач на расната сегрегација, кој се спротивставуваше на историскиот закон за граѓанските права и зборуваше во пленарната сала 24 часа и 18 минути.

Симболично, малку пред да го надмине овој рекорд, Кори Букер со емотивен и изморен глас ги потсети на зборовите на еден од неговите ментори – Џон Луис, емблематична фигура на движењето за граѓански права од 60-те години.

Реклама

Сенаторот го искористи слоганот на поранешниот демократ во Конгресот, кој почина во 2020 година, за да ги повика Американците да предизвикаат „немири, добри немири“ во општеството како одговор на политиките на Доналд Трамп.

„Овде не станува збор за лево или десно. Ова е прашање на добро и зло. Америка, ова е морално прашање: дали Уставот живее во твоето срце?“, изјави сенаторот малку откако го постави новиот рекорд.

Тој го предаде зборот во 20:05 часот по локално време, по што зборуваше 25 часа без прекин.

Кори Букер започна да зборува во американскиот Сенат од претходната вечер во 19:00 часот, протестирајќи против политиката на претседателот Трамп, која според него е „неуставна“.

Интерниот правилник на Горниот дом на Конгресот му дозволува на секој сенатор да земе збор, сè додека стои исправен и зборува без прекин. Оваа тактика се нарекува „филибастер“ – збор што потекнува од францускиот „flibustier“ (пират, кој дејствувал крај американските брегови од 16-ти до 18-ти век), бидејќи сенаторот ја „киднапира“ говорницата и го спречува затворањето на дебатите.

Правилата се строги: не е дозволено седење или пауза, дури ни за физиолошки потреби. Единствената дозволена пауза е за време на гласање – кога друг сенатор може да земе збор за да постави прашање на говорникот, понекогаш пролонгирајќи и самото прашање.