Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Со законски измени ќе продолжи изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Со нов закон ќе се решаваат проблемите кои ја кочат изградбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со нов закон ќе се решаваат проблемите кои ја кочат изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Проблемите лоцирани на терен се бројни, од незавршена експропријација, лошо проектирани косини , појава на свлечишта и проблеми со  објектите кои се наоѓаат на трасата.

Најголемиот проблем како што посочи Министерот Николоски е тоа што веќе една и пол година не се врши асфалтирање со финален слој, поради несоодневниот состав на асфалтот за потребите на теренот.  Очекувањата на министерството за транспорт се дека законските измени кои ги донесе Владата, ќе влезат следната недела во Собрание со што ќе се решат најголемите проблеми. Николоски очекува дека следната пролет веќе ќе има целосно функционални делови од автопатот кој е во вкупна должина од 57 километри и достигна фантастични 598 милиони евра.

Законските измени се во делот на техничките карактеристики кои што треба да ги има асвалтот кој треба да се користи, за многу други проекти лесно е да пишувате проекти од дома или од канцеларија, тешко е да го реализирате се прилагодуваме на македонската геологијата. Откако ќе поминат законските измени да се асвалтира со финален слој, рече Николоски.

Реклама

Македонија со  својата инфраструктура е слепо црево на Балканот и задачата на новото министерство е да ги реши наследените проблеми.

А, нив ги има и во изградбата на автопатот кој треба да води до граничниот премин Блаце. Првите два километри ќе бидат пуштени во употреба за околу два месеци, но проблемот е во останатите 12 километри. Николоски обелодени дека станува збор за лошо проект направен по планинска траса, наместо по постојната и дека автопатот, ако така се гради би чинел дури 20 милиони евра по километар или вкупно 240 милиони. Николоски покрај активностите на Коридорот 8  и 10 кои се во главен фокус, најави и градежна офанзива на истокот.

Обезбедив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Оваа година од средства од заемот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар Климент Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоначалникот од првиот ден. Тука секако се и средствата што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општините.

Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до граничниот премин Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница.