Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Прилози

Со законски измени до уште поефикасна реализација на забелешките од ревизорските извештаи

Да се делува, а не само да се читаат ревозирските извештаи. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се делува, а не само да се читаат ревозирските извештаи. За да се намали корупцијата треба поефикасно спроведување на препораките и забелешките, бара Државниот завод за ревизија.  Бројните документи кои ги подготвуваaт ревизорите под чија лупа се сите институции во државата покажуваат на кое ниво е корупцијата. Од досегашната пракса се покажува подобрување,    но  потребно е допрецизирање на законските измени кои треба да се донесат во Собранието. Државната ревизија со овие измени  очекува поефикасни мерки од страна  на  надлежните институции. До сега  се постапувало во 85 отсто од случаите вели главниот  државниот ревизор  Максим  Ацевски.

-Во првите седум страни од годишниот извештај за работењето на Државниот завод за ревизија за 2025 година известуваме за преземените мерки. По дадените препораки тој процент изнесува некаде околу 85 посто на преземени мерки по дадените препораки. Тоа не значи дека секоја инстутуција постапила по дадените препораки. Се уште имаме потреба и сеуште надлежните органи имаат обврска да постапуваат по дадените препораки бидејќи мора да се сведеме на состојбите како што претходно реков корупцијата мора да ја сведеме на прифатливо ниво-вели државниот ревизор Максим Ацевски

Додава дека ниту една држава не е имуна на корупција но мора да се вложува во активностите против корупцијата за да се сведе на едно прифатливо ниво. Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски вели дека Државниот завод за ревизија секогаш ја има поддршката од страна на Собранието со кого имаат потпишано Меморандум за соработка.

Реклама

-Извештаите од Државниот завод за ревизија се предмет на разгледување во Собранието од работните тела кои што вршат надзор над трошењето на буџетските средства. Исто така во процедура е предлог Закон за измени и дополнувања на законот за државна ревизија, и со тој предлог закон кој очекуваме да има добра дискусија, можеби и некои амандмани, целта ни е да го подигнеме дополнително да го зајакнеме интергитетот на ДЗР како стручно и независно тело– истакна потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.

Спречувањето и борбата против корупцијата помага да се зајакне демократијата  и да се обезбеди владеење на правото вели амбасадорот на Шведска Ола Столстром.

-Бобрата против корупцијата исто така помага да се обезбеди владеењето на правото и да се зајакне транспарентноста  и затоа е приоритет за земјите од Западен Балкан и за Северна Македонија. Суштинска е исто така и на патот кон приклучуањето во Европската Унија за обезбедување на подобра деловна клима и тоа е нешто што граѓаните го очекуваат и го заслужуваат. Токму затоа Шведска и нашата амбасада го поддржуваме овој проект на Државниот завод за ревизија и се надеваме дека и сите наши партнери ќе го поддржат– додава амбасадорот Солстром.

Целта на регионалeн форум за превенција на корупцијата и проценка на ризиците од корупција во Западен Балкан  е  зајакнување на интегритетот и отчетноста, превенцијата на корупцијата, улогата на врховните ревизорски институции, проценката на корупциските ризици, како и јавните набавки како значајна област за превенција на корупцијата.