Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Со вежба, дефиле и презентација на опрема одбележан Денот на пожарникарите во Делчево

Со успешно спроведена тактичко-показна вежба – симулација на пожар во ООУ „Св.Климент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со успешно спроведена тактичко-показна вежба – симулација на пожар во ООУ „Св.Климент Охридски“ и спасување на повредени лица, како и гасење пожар на објектот, но и дефиле и презентација на возила и опрема во Делчево е одбележан Денот на македонските пожарникари, 20 Мај.

Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види  физичката и психичката подготвеност на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар во објектите, при автомобилски несреќи, но и да се провери исправноста на опремата, истакна Сашко Поповски, командир на ТППЕ Делчево.

Грдоначалникот Иван Гоцевски кој присуствуваше на настаните изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор. Честитајќи го празникот на пожарникарите, тој додели плакета на ТППЕ за особена заслуга.

Реклама

– Со посебна почит, денеска го одбележуваме 20 Мај, Денот на пожарникарите. Испраќам честитки и изразувам огромна благодарност до нашите херои пожарникари, професионалци и доброволци, за нивната пожртвуваност и човечност, за нивната работа која значи спасен живот или имот на граѓаните. Сите сме благодарни – на вистинските херои од нашиот град.  И затоа веднаш по стапувањето на функција го решивме проблемот со платите и ја исправивме децениската неправда, а паралелно работиме да ја подобриме опременоста на ТППЕ Делчево и со апарати, опрема, но и средства за лична заштита, нагласи Гоцевски.

Во тој контекст е и денешната донација, работни чевли обезбедени од Општина Делчево и униформи за сите пожарникари во Делчево обезбедени од општествено одговорната компанија „Брегал“.

Во знак на одличната соработка меѓу ТППЕ Делчево и градоначалникот и Општина Делчево, ТППЕ Делчево додели Плакета на градоначалникот Гоцевски.

Инаку, пожарникарството во Делчево испишува историја од 8–децениско функционирање. Првото доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов Крстевски во 50-тите години од минатиот век, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.