Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во центарот на Вевчани, заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал. 

Преку хумор и сатира неуморните вевчанци на креативен начин попладнево, симболично го избркаа злото и прочистени со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар. Василичарите од рано утрово ги посетија семејствата, чии членови го носат името Свети Василиј.

Вевчанци, според традицијата од утре ќе почнат да размислуваат во што ќе се маскираат идната година. 

Реклама

Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. Мигрантски кампови во земјава, политичката состојба во државата, инвестициите во Дубаи, запирањето на нафта и пари од САД за Куба… Креативните вевчанци на сатиричен начин ја претставија виртуелната министерка во албанската влада, а не ги заборавија ниту претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп. Големо внимание привлече групната маска во кампањата за локалните избори на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како и кампањата на движењето ЗНАМ. Во Вевчани „дојде“ и „Шареното племе“ од Африка да го избрка злото.

Вевчанскиот карневал, со традиција од околу 15 века, симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар.