Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Со новата регулатива ќе се поттикне конкуренцијата во сферата на платежните услуги

Со новата регулатива за платежни услуги и платни системи, којашто би требало…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новата регулатива за платежни услуги и платни системи, којашто би требало да биде донесена оваа година, ќе се поттикне конкуренцијата во обезбедувањето на платежните услуги. А здравата конкуренција носи голем број предности и придобивки за граѓаните. Поконкретно, со новата регулатива би требало да се поттикне поголем обем на услуги, коишто би биле достапни за граѓаните по поволни цени. Вообичаено, со поголемиот спектар производи коишто се засноваат врз современи решенија се поттикнува и финансиската инклузија, којашто придонесува и за поголем, и за поинклузивен економски раст.

Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуто за МТВ емитувано вчеравечер, осврнувајќи се на очекуваните среднорочни ефекти од новиот Закон за платежни услуги и платни системи и соодветните подзаконски акти на коишто Народната банка и Министерството за финансии работеа изминатите две години, а коишто би требало да бидат донесени во 2020 година. Како што кажа гувернерката, новата регулатива ќе биде во голем дел усогласена со законодавството на Европската Унија и со стандардите и правилата за извршување на плаќањата во европските земји. По нејзиното донесување, првичните ефекти и придобивки се очекуваат во следните неколку години.

Во интервјуто, Ангеловска-Бежоска говореше и за остварувањата на македонската економија минатата година, како и за проекциите за годинава. Таа нагласи дека Народната банка и натаму ќе ја спроведува монетарната стратегија за одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, којашто е оптимална за нашата економија, имајќи ги предвид нејзините структурни карактеристики. Девизните резерви коишто се клучни за спроведување на монетарната политика, како што кажа и гувернерката, се на адекватно ниво, соодветно на монетарната стратегија.

Реклама

„Една од главните позитивни одлики на нашата економија е стабилноста на банкарскиот систем. Најновите расположливи податоци упатуваат на тоа дека и натаму системот е здрав, стабилен и ликвиден, со високо ниво на адекватност на капиталот. Важно е и што продолжува процесот на подобрување на квалитетот на активата на банкарскиот систем.“ – истакна Ангеловска-Бежоска, посочувајќи и дека нивото на нефункционалните кредити континуирано се намалува.

Во завршницата на интервјуто гувернерката посака и во 2020 година да се создаваат услови за побрз, одржлив и поинклузивен раст на македонската економија, бидејќи како што кажа таа, само така ќе успееме да се доближиме до европското ниво на доход и до европскиот квалитет на живот.