Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Со историски час во Делчево започна Меѓународна манифестација посветена на Гоце Делчев

Со свечен историски час и низа пригодни обраќања, денеска во Средното општинско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечен историски час и низа пригодни обраќања, денеска во Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево беа одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, со што официјално започна и манифестацијата „Гоцеви денови“, обновена по иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, во своето обраќање истакна дека по тој повод планирани се низа настани.

-Од денес почнуваме со реализација на Меѓународната манифестација посветена на Гоце Делчев која  ќе обедини голем број на активности и настани преку кои ќе го афирмираме делото на нашиот Гоце Делчев, како на домашната сцена така и во Меќународни рамки, истакна Гоцевски.

Реклама

Во својот говор тој се осврна на една од најпознатите и највредни мисли на Гоце Делчев, нагласувајќи ја нејзината актуелност и денес.

-Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата. Оваа мисла во континуитет ја отсликува борбата на македонскиот народ за една самостојна и светски призната држава, потенцирајќи дека наследството на Делчев е аманет и обврска и за локалната власт и за граѓаните во современата македонска држава, подвлече Гоцевски.

Целта на денешното одбележување на 154 години од раѓањето на великанот како што рече не е само да се потсетиме на неговиот лик и дело, туку и да ја промовираме неговата мисла кај младите генерации – идни градители на градот кој со гордост го носи неговото име. 

Тој изрази посебна чест што присуствувал на историскиот час посветен на ликот и делото на Гоце Делчев, организиран од СОУ „Методи Митевски Брицо“, упатувајќи благодарност до професорите по историја проф. Митко Антовски, проф. Спиридон Митевски и проф. Билјана Петровска за нивниот придонес во научното и достоинствено портретирање на Делчев и неговата улога во македонската национална историја.

Свое обраќање на настанот имаше и директорката на СОУ „Методи Митевски Брицо“, Марина Синадиновски, која истакна дека улогата на училиштето е да пренесува знаење, но и да гради вредности, историска свест и љубов кон татковината.

-Одредени историски датуми се толку длабоко врежани во македонската историја што стануваат дел од генетскиот код на секој Македонец. Таков е и 4 февруари, датумот кога во 1872 година се роди стратегот на македонската револуционерна борба и великан на современата македонска историја – Гоце Делчев“, истакна Синадиновски, потенцирајќи дека делото на Делчев треба да се изучува како пример за храброст, пожртвуваност и борба за правда и слобода.

Историскиот час продолжи со излагања на професорите по историја, а настанот заврши со порака дека ликот и делото на Гоце Делчев остануваат трајна инспирација и обврска за сегашните и идните генерации.