Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат архивските служби на МРТ за конзервирање на целокупниот аудио- и видеоматеријал

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат архивските служби на Македонската радио-телевизија (МРТ) за конзервирање на целокупниот аудио- и видеоматеријал. Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од регионот, меѓу кои и МРТ.  Конзервацијата на аудио- и видеоматеријалот на Македонската радио-телевизија е дел и од активностите предвидени со меморандумот за соработка, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат архивските служби на Македонската радио-телевизија (МРТ) за конзервирање на целокупниот аудио- и видеоматеријал. Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од регионот, меѓу кои и МРТ. 

Конзервацијата на аудио- и видеоматеријалот на Македонската радио-телевизија е дел и од активностите предвидени со меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Француската Република во Скопје.

– Со меморандумот големо значење се дава на дигитализацијата на аудиовизуелните и документарните архиви, како и на старите ракописи, за да се зачува колективната меморија и да ја направи достапна за идните генерации. Во таа насока, идната недела имаме важен состанок за еден проект, во кој ќе бидат вклучени МРТ и Францускиот државен аудиовизуелен центар за конзервација на целокупниот аудио- и видеоматеријал – рече францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер по потпишувањето.

Реклама

Подетално за проектот информира директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер.

– Станува збор за проект за зачувување на аудиовизуелните архиви. Проектот почна минатата година, во партнерство со Францускиот национален институт за адудиовизуелни архиви, во соработка со радија и телевизии од регионот, меѓу кои и МРТ. Се предвидува зајакнување на архивските служби на телевизиите од регионот за да може да го зачуваат целосното аудиовизуелно налседство – објасни Жислер.