Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Со докази на одбраната продолжи судењето во Велес за опожарената куќа во Капиново

Со изведување докази на одбраната денеска во Основниот суд во Велес продолжи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување докази на одбраната денеска во Основниот суд во Велес продолжи судскиот процес за опожарувањето на куќа во селото Капиново, општина Чашка, што се случи во мај 2025 година.

На барање на бранителот на еден од обвинетите повторно сведочеа двајцата оштетени, таксистот кој ги превезувал обвинетите до куќата, како и Сашо Муневски, кој за случајот веќе е правосилно осуден и издржува затворска казна во КПУ Затвор Прилеп.

Сопственикот на опожарениот објект повтори дека неговиот татко постојано живее во куќата и дека во непосредна близина има и други објекти. И тој и неговиот татко посочија дека критичната вечер не биле присутни во или околу опожарената куќа.

Реклама

Четириесет и едногодишниот прилепчанец Муневски, на прашање од одбраната, рече дека тој го ангажирал таксистот за превоз, критичната вечер.

– Јас му се јавив на телефон, по претходен договор со обвинетиот Ѓоре – одговори Муневски.

Тој наведе дека еднаш претходно бил во реонот заедно со обвинетиот Ѓоре, а потврди и дека за случајот е осуден на седум години затвор. На прашање дали поднел жалба на пресудата, Муневски рече дека првично била поднесена жалба од неговиот адвокат, но подоцна била повлечена.

 – Да, адвокатот изјавил жалба, јас немав пари да му платам и жалбата ја повлеков – одговори Муневски, а после изјави и дека бил задоволен од казната.

Рече дека жалбата не била повлечена баш одма откако бил повикан во Јавното обвинителство.

На прашање дали во овој момент има активни кривични постапки против него, одговори дека нема, и дека имал само прекршочна од областа на сообраќајот. 

Во сведочењето тој посочи и дека додека бил во притвор пакети добивал од неговиот татко, кој според него му испраќал основни работи, храна, облека и цигари.

Потоа следуваше прашање дали при распит во ОЈО – Велес изјавил дека неговите родители не се во состојба да праќаат пакети додека е во притвор. 

 – Кажав дека само татко ми, колку што може, ќе ми прати и тоа цигари и основни работи – храна и облека – одговори Муневски.

На прашањето дали имал двајца бранители, тој одговори потврдно, на првото рочиште, а потоа немал никого, по што следуваше прашањето како можел да си дозволи да плати, двајца бранители.

– Татко ми додека носеше пакети во КПУ Затвор Скопје се запознал со адвокат од Прилеп кого го ангажирав уште во полициска постапка – одговори Муневски.

Тој рече дека на обвинетиот Даниел му кажал само дека ги бара обвинетиот Ѓоре, а не и што ќе сторат. Додаде дека обвинетиот Ѓоре не влегол во куќата.

– Само ни ја покажа куќата и стоеше кај влезната порта – одговори тој на прашање на бранителот.

Го прашаа и дали е зависник од коцкање. – Не баш. Да, сум се коцкал, меѓутоа, сум немал некоја поголема потреба – одговори тој.

На прашање дали му било ветувано помилување, Муневски одговори негативно. -Не. Јас немам пари за адвокат, а не да дојдам до претседател на државата – рече Муневски.

За опожарената куќа во Капиново, тројца беа обвинети дека учествувале во кривично дело. Сашо Муневски и Даниел Димески за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292, став еден во врска со член 288 став еден во врска со член 22 од Кривичниот законик, а обвинетиот Ѓоре Петровски за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, од член 292 став еден во врска со член 288 став еден, во врска со член 24 од Кривичниот законик. 

Претходно, обвинетиот Муневски изјави дека чувствува вина и дека се кае за стореното и се извини на оштетениот за запалената куќа во село Капиново. Тој беше правосилно осуден со казна затвор од седум години.

Другите двајца обвинети рекоа дека разбрале за што се обвинети, но, оти не се чувствуваат виновни.