Реклама
Прилози

Со 100 нови амбулантни возила ќе се подобри услугата на брзата помош низ државата

Со новите амбулантни возила кои ќе ги набави владата, ќе се подобри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новите амбулантни возила кои ќе ги набави владата, ќе се подобри работата на брзата помош, транспорт на пациентите до болница ќе биде побрз,а  подобра ќе биде и покриеноста во урбаните и во руралните средини. Како што вели раководителката од брзата помош, возилата се основниот алат за брза интервенција, а со зголемувањето на капацитетиете ќе се зголеми и сигурноста на пациентите и на персоналот.

Составен дел како што кажав се и санитетските возила кои што и те како ни се потребни па во тој поглед навистина ја поздравувам одлуката на Владата за набавка на 100 нови санитетски возила на ниво на државата. Се надевам дека добат дел од тие санитетски возила ќе припадне на нашата служба како најголема нели во Република Македонија, така што мислам дека ќе се подобри возниот парк, ќе имаме многу поолеснето движење низ улиците без можен ризик за некакви несакани последици.“- вели раководителката на брза помош, Анита Димовска.

Моментално главната служба за итна помош во Скопје располага со 10 исправни возила што секојдневно функционираат. Според раководството оваа бројка е многу мала за остварување на сите услуги во главниот град, но сепак велат дека со зголемување на бројот на возила, мора да се зголеми и бројот на вработени медицински лица во брзата помош.

Реклама

Возилата во итна медицинска помош треба постојано да се обновуваат бидејќи брзо се амортизираат затоа што се постојано на улиците и во движење. Во моментов тие се секојдневно по некое возило треба да се сервисира треба да се поправа поради тоа што се изложени на постојани дефекти.. Според нас како што кажав 10 се малку и мислам дека барем 20 од тие 100 воижзила би било добро да ги имаме да припаднат на нашата итна служба и за да може да ги покриеме потребите меѓутоа како што кажав тоа оди поврзано со персоналот и со вработување и на возачи кој што би можеле да ги возат овие санитетски возила.“- додаде Димовска.

За проблемот со недостатокот на амбулантни возила докоторите алармираат веќе неколку години. Владата вчера најави набавка на 100 нови, но и модернизација и зголемување на капацитетите за паркирање со комплетен мониторинг, информативни табли како и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Од министерството за здравство велат дека целта е пациентите и персоналот да имаат функционален и безбеден пристап до комплексот клиники.