Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Смрзнати се студентите во „Стив Наумов“, директорот тврди проблемот е решен, на терен радијаторите уште се студени

Нема парно греење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска автокоманда, поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема парно греење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска автокоманда, поради дефект на парноводната мрежа. Радијаторите се студени веќе неколку дена, а тоа претставува сериозен проблем, особено кога се приближуваат постудените денови, реагираат студентите. Тие бараат проблемо веднаш да биде решен, а сакаат и подобри услови за живеење.

  • Ни треба подобри услови за живеење, ни фали подобра живеачка, а тоа што нема парно се надевам дека ќе се реши. Но мора сега, што е можно поскоро, оти навистина е студено, посебно сега периодов, велат студенти во изјава за Алфа.

И родители кои ги сретнавме во кругот на студентскиот велат дека не смее да се дозволи студентите да мрзнат, иако плаќаат за тоа.

  • Како тоа не им пуштаат парно на децата? Тоа мора веднаш да се санира проблемот. Па тие за тоа плаќаат, и затоа мора да се среди се тоа, велат родители за Алфа.

Дека нема парно во „Стив Наумов“ поради дефект на парноводната мрежа, реагираше директорот на Државниот студентски центар Виктор Велевски, откако „Студентска револуција“ алармираше за проблемите кои ги имаат студентите. Тој вели дека дефектот е саниран.

Реклама
  • „Ве замолувам да не се шират дезинформации за прашања кои се однесуваат на студентските домови. Точно е дека неколку денови немаше парно во Стив Наумов поради дефект на парноводната мрежа. Истиот е саниран, а со тоа греењето во домот е во функција“, се вели во реакцијата на директорот Викрое Велевски.

И додека директорот вели дека дефектот е саниран, на терен нее така. Алфа беше на лице место и виде дека радијаторите се уште се студени. Покрај немањето греење, студентите бараат и подобри услови за живеење.

Иако од Министерството за образование уште лани најавија дека ќе се обноват државните студентски домови, но и ќе се трансформираат во енергетски ефикасни објекти, за сега нема ништо од тоа, а она што го има е само оптимизмот од надележните за некое подорбо време.

Борис Грујоски