Реклама
Македонија

Случајот „Пулс“ пристигна во Кривичен: Со полициска придружба обемниот предмет од Кочани транспортиран во Скопје

Со две возила и полициска придружба предметот за големата трагедија во дискотеката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со две возила и полициска придружба предметот за големата трагедија во дискотеката Пулс, од Кочани пристигна во Кривичниот суд во Скопје. Согласно решението на Врховен, судиите од скопскиот суд ќе одлучуваат за кривичнио правниот настан- пожарот во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе.

Причината е што Основните судови во Штип и Струмица, како судови со проширена надлежност на територија на Апелационото подрачје Штип, немаат доволен број на судии од кривична област, за кои нема законски пречки да постапуваат по конкретниот предмет.

-Имајќи ја предвид обемноста и сложеноста на предметот, бројот на обвинети и бројот на оштетени, обемниот доказен материјал и јавниот интерес за истиот, Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област, кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, законито постапување, а преку постапката ќе допринесат и за  „сензибилизирање на јавноста“, велат од Кривичен.

Реклама

По пристигнувањето во Кривичен сега ќе следи оценка на обвинието, по што ќе има конечно одлука дали ќе се отвори кривичен процес за овој случај. 

-Доставениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на совет за оцена на обвинение, кој по приемот ќе го достави актот до обвинетите, по што започнува законскиот рок за приговор на истиот. По исполнување на предвидените услови за постапување, советот ќе закаже седница за оцена, за исходот странките и јавноста, ќе бидат навремено известени, велат од Кривичен.

Според обвинението за институционални пропусти, повеќегодишно системско непостапување и причините за настанување на пожарот во кочанското кабаре „Пулс“ обвинети „за тешки дела против општата сигурност“, се 34 луѓе и три фирми. Обвинителството обезбедило докази дека со години наназад се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира, иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност.

Првообвинет  е газдата на дискотеката, а обвинети се и неговиот брат и син, архитектка од Кочани, тројца градежни инспектори, тројцата градоначалници во периодот од 2012-та до 2025-та година. Меѓу обвинетите се и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување, како и генералниот инспектор, поранешните министри, државен секретар и пет службеници од Министерството за економија. Докази се собрале и за управителот и четворица припадници на Агтенцијата која го обезбедувала објектот.

Во Обвинетието се опфатени и четворица инспектори од Пазарна, додека истрагата беше запрена вкупно 11 претходно осомничени. Се уште во истражна постапка е реалниот газда на Агенцијата за обезбедување, кој е во притвор.  

Матеја Петровски