Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Случај „Веапоска“: Една година и седум месеци не е одржано рочиште

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег, матка и јајник – и овој пат поради адвокатот на екс директорот на струшката болница Мухамед Асани кој два дена по ред имал други неодложни судења. Веапоска уморна и гневна од бесконечното одложување на рочиштата и одолговлекување на судскиот процес кој налегува во четврата година откака почна,а постои опасност да застари,најавува протест пред основиот суд во Струга кој ќе трае секој ден од 8 до 16 часот,се додека не заврши судењето и не се донесе пресуда.

” Поддршка очекувам од целиот наш народ, од Дебар, од моите сограѓани и од цела Македонија.Од народот, а не од институциите затоа што вака талкам 5 години по овие судски врати и правдата не можам да си ја добијам. Со сите докази,со вештачења и да застари ова дело е срамно и за нашата држава и за судот и за сите нас “ вели родилката Јилдиз Веапоска

Од април 2024-та до сега е одржано само едно рочиште,што значи година и седум  месеци се наоѓаат изговори и причини за одлагање. Ова не е адвокатски начин на одбрана и нивниот единствен излез е застареност на делото,вели адвокатот на Веапоска.

Реклама

” Во последните неколку одлагања одбраната на обвинетиот тврди дека имале притворски предмети.Овој начин ми укажува дека или сите клиенти на тие бранители се во притвор, што не укажува за нивниот квалитет на одбрана или пак целокупниот криминал во Западна Македонија се наоѓа на притворските одделенија во Битола и Скопје” вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Судијата кој што го води предметот уверува дека нема да дозволи да застари делото и дека рочиштата ќе ги закажува ден за ден се додека не се одржат.

 “Овдека е загрижувачки тоа што цело време  во барањата на одбраната се потенцира дека другите предмети се приоритетни, дека се итни за кои што се бара одлагање, се заборава дека и овој предмет исто така е итен бидејќи прети опасност од застареност.И токму поради тоа е донесена одлука цело време расправата да се одложува за секој нареден работен ден како што е предвидено во ЗКП”- вели судијата Јордан Јованов

На  рочиштето закажано за в понеделник ако повторно не се појави првообвинетиот екс директор на струшката болница  Мухамед Асани ,ќе биде донесен со полициска асистенција. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година. Мухамед Асани,неговите син Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска се теретат за тешки дела против здравјето на луѓето.