Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Случајот „Државна лотарија“ тапка во место – Пријавите за Ковачевски во фиока, истрагата за Груби без епилог

Случај „Држана лотарија“. Пријавата за Димитар Ковачевски година и пол стои во фиока, а истрагата за Артан Груби и Прпарим Бајрами веќе шест месеци тапка во место. Со оглед на тоа што претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски при крајот на ланската година изјави дека истрагата за Груби е завршена и се чека на негова екстрадиција, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случај „Држана лотарија“. Пријавата за Димитар Ковачевски година и пол стои во фиока, а истрагата за Артан Груби и Прпарим Бајрами веќе шест месеци тапка во место.

Со оглед на тоа што претходниот државен обвинител Љупчо Коцевски при крајот на ланската година изјави дека истрагата за Груби е завршена и се чека на негова екстрадиција, се поставува прашањето, зошто сега кога екс вицепремиерот е во Македонија, се уште нема обвинение, но и кој тактизира?

Истрагата за екс вицепремиерот и екс директорот Прпарим Бајрами не е проширена, а ниту Груби е сослушан.

Реклама

Во телефонски разговор за Алфа шефот на скопското обвинителство Анел Фидоски вели дека во јули ќе имало одлука. Се чекало на вештачењата и увидот на одбраната.

Истрагата е во тек, треба да биде испитан осомничениот по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, информираат од Јавното обвинителство.

Поранешниот државен обвинител Љупчо Коцевски уште ланската година се пофали дека истрагата за Државна лотарија е завршена и само се чекала екстрадиција на Груби.

Истрагата е завршена се чека само на негова екстрадиција. Имаше финансиска истрага и вештачења, собрани се сите докази, но тој не е достапен, изјави Ључо Коцевски, државен обвинител на 24.11.2025

Шест месеци подоцна, во телефонски разговор Коцевски за Алфа вели дека не му е јасно зошто се уште истрагата не е завршена. Тој вели дека може толку да трае само доколку има проширување и се опфатени и нови лица, иако може да се одолговлечи и поради барања на адвокатите на одбраната.

Груби се сомничи дека со незаконски тендери го оштетил буџетот за 8.2 милиони евра при набавка на апарати за коцкање кои никогаш не биле ставени во употреба.

Тој беше уапсен на граничниот премин Блаце откако самиот се појавил во 6 часот изутрината на 23 февруари. Во бегство беше повеќе од една година. МВР за него имаше распишано меѓународна потерница, а Кривичниот суд во отсуство му определи притвор. 

МВР поднесе две кривични пријави и за екс премиерот Димитар Ковачевски – првата беше за набавката на апаратите, за тоа обвинителите поведоа истрага само за Груби и Бајрами. Втората е затоа што екс премиерот раководел со владината седница на која била донесена одлука за формирање на „Нова државна видео лотарија“. МВР смета дека биле прекршени повеќе законски одредби, а обвинителите никако да се произнесат.