Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност

Народна банка внимателно ги следи состојбите и ризиците и е подготвена адекватно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народна банка внимателно ги следи состојбите и ризиците и е подготвена адекватно да одговори се со цел зачувување на стабилноста на девизниот курс и финансиската стабилност, истакна гувернерот на Народна банка, Трајко Славески пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Презентирајќи го кварталниот извештај на Народната банка, гувернерот Славески информира дека во 2025 година инфлацијата беше умерена во просек изнесувала 4,1 отсто и тоа најмногу се должи на растот на цените на храната и базичната инфлација. Во првото тромесечие од годинава има извесно забавување и за трите месеци во просек стапката на инфлација изнесува 3,7 проценти, а во претходното тромесечие беше 4,2 проценти, нагласи Славески.

Во однос на растот на платите, минатата година забележаа номинален раст од 9,6 проценти при инфлација од 4,1 процент. Имавме значително солиден раст на платите, едни од поголемите во регионот и Европа од 5,5 проценти. Во периодот јануари-февруари 2026 година, годишниот раст на просечната нето плата изнесува 7,8 проценти номинално, и 4,6 отсто реално, што покажува тенденција на забавување. Во 2025 година инфлацијата беше умерена во просек изнесуваше од 4,1 отсто и таа најмногу се должи на растот на цените на храната и базичната инфлација. Во првото тромесечие од годинава има извесно забавување и за трите месеци во просек стапката на инфлација изнесува 3,7 проценти, а во претходното тромесечие беше 4,2 проценти. На 31.12.2025 година бруто надворешниот долг изнесуваше 71,8 проценти од БДП и во споредба со крајот на 2024 година бележи намалување кое се должи на намалување кај јавниот долг, а тоа пак произлегува од редовното сервисирање на обврските на државата при минимално намалување на приватниот долг, односно приватните субјекти. Во апсолутни износи на крајот од 2025 година, бруто надворешниот долг е понизок за 12,8 милиони евра во услови на доминален раст на приватниот долг кој во значителен дел е неутрализиран со падот на јавниот долг, посочи Славески.

Реклама

На седницата се обрати и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, која нагласи дека фискалната политика повторно е на врвот на јавните политики.

-Фискалната политика повторно се јави на врвот на јавните политики. Малку учиме од тоа што светот ни го налага како лекција во немирни времиња и се уште како држава и како институции немаме политика на справување со финансиска криза и ризици, бидејќи за тоа нема стратегија. За крупни прашања од економски аспект особено во периоди на ценовни шокови и криза која го засега економскиот сектор, убедена сум и се борам да има политички консензус, истакна Лукаревска.

На денешната седница собраниската Комисија за финансирање и буџет не го прифати Предлогот на закон за изменување на Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување во прво читање предложен од група пратеници.