Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Славески: Не наседнувајте на манипулациите на Арсовска

Градоначалникот Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној кикс што беше направен со ЈСП каде што Владата мораше да прогласи вонредна состојба и да го снабдува претпријатието со гориво од државните резерви, таа во континуитет ги подбуцнува приватните превозници да прават проблеми во јавниот градски превоз.

Ова го истакна Трајко Славески, претседател на Совет на Град Скопје во врска со состојбите со јавниот градски сообраќај и упати порака до приватните превозници.

-Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива. Може да го направи истото што го направи со вашите претходници од пред 2 години, кога им ги укина лиценците. Може да останете на улица, може да останете без леб.

Реклама

Упати и порака до Арсовска и до Владата:

-Доколку оваа состојба ескалира заради инаетот на Арсовска, бидејќи е прогласена вонредна состојба, Владата има мерки, има инструменти да го реши овој проблем така што Арсовска не може да се поигрува со граѓаните, нивните судбини, нивната можност да стигнат до работното место…