Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата

На денешната панел дискусија насловена „Меѓународна соработка за развиени општини“ во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната панел дискусија насловена „Меѓународна соработка за развиени општини“ во рамките на настанот Саем-Отчет учествуваше и вишиот директор на НДИ во Македонија, Роберт Скот кој посочи дека НДИ соработува со локалните самоуправи во Македонија и тоа по неколку различни програми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Роберт Скот истакна дека во програмата за градење отпорност кон корупцијата, со поддршка од шведската влада работат со општините Гази Баба, Боговиње, Струмица, Куманово, додавајќи дека ваквата соработка во борбата против корупцијата сакаат да ја прошират и со други општини.

„Исто така, во рамките на оваа програма, соработувавме со Стефан Андоновски од министерството за дигитална трансформација, со Златко Перински од министерството локална самоуправа и со Орце Ѓорѓиевски од ЗЕЛС. Еден од примерите за регионална соработка е отворено партнерство со владата, така учат општините низ целиот свет да соработуваат. Принципите лежат и во самата основа на тоа како треба да работат општините, инклузија, соработка, транспарентност и отчетност“, рече директорот на НДИ, Скот.

Реклама

Понатаму, тој додаде дека, да се биде член во вакви мрежи на соработка против корупција, се принципи што ние сакаме да ги примениме за да ги задоволиме потребите на граѓаните.

„Понатаму го имаме ГРЕКО како можност за соработка. ГРЕКО е организација на група на земји која се бори против корупцијата. Оценките на ГРЕКО се однесуваат на тоа каква е законската регулатива, но исто така, и како граѓаните да бидат што поблиски до власта и да се елиминираат сите можности за корупција. Сакам да истакнам неколку примери, Орце и Кисела Вода и Тони од Битола започнаа со имплементација на процедури во согласност со нивниот регистар на ризици од корупција“, истакна, меѓу другото, Скот.