Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Скопското кафуле „The Dude Specialty Coffee“ повторно меѓу 100-те најдобри кафетерии во светот

Македонското специјализирано кафуле од Скопје „The Dude Specialty Coffee“ по втор пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското специјализирано кафуле од Скопје „The Dude Specialty Coffee“ по втор пат се најде на престижната светска листа „World’s 100 Best Coffee Shops“, оваа година рангирано на 85 место, објавена во рамки на интернационалниот настан Coffee Fest Madrid 2026.

Избрано во конкуренција од повеќе од 15.000 кафетерии од целиот свет и поддржано од над 350.000 гласови, ова признание го позиционира The Dude меѓу најистакнатите specialty кафулиња на глобално ниво.

Ова достигнување го поставува The Dude како едно од водечките specialty кафе-дестинации не само во регионот, туку и во светот, рамо до рамо со највлијателните кафетерии од Европа, Азија, Австралија и Америка.

Реклама

Листата се составува врз основа на повеќе критериуми, меѓу кои се исклучителен квалитет на кафето, експертиза во подготовката, иновативност, атмосфера и искуство за гостите, одржливост и придонес кон глобалната coffee култура.

„Ова признание е огромна чест и доказ дека страста, посветеноста и љубовта кон specialty кафето можат да создадат резултати од светска класа, дури и од мало место како Скопје. Искрено им благодариме на нашата заедница, на сите гости и на целиот тим што стои зад The Dude,“ изјави Мирче Чашуле, основач и сопственик на The Dude Specialty Coffee.

The Dude Specialty Coffee веќе се смета за еден од пионерите на specialty coffee сцената во Македонија, познат по внимателно селектирани зрна од врвни светски ростерии, прецизна подготовка и силна заедница изградена околу кафулето.

Coffee Fest Madrid претставува еден од најголемите европски настани посветени на кафе индустријата, собирајќи професионалци, брендови и љубители на кафе од целиот свет, додека листата „World’s 100 Best Coffee Shops“ се смета за глобален репер за извонредност во светот на кафето.

Со ова второ влегување во глобалниот Топ 100, кафулето продолжува да ја остварува својата мисија, да донесе светска coffee култура во Скопје и достојно да ја претстави Македонија на светската specialty сцена.