Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Скопскиот ќе биде  најбрзорастечки аеродром во регионот, од денеска нови летови до Стокхолм и Бари и нова линија Охрид-Базел

Скопје станува најбрзорастечки аеродром во регионот поради новите летови што ги субвенционира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје станува најбрзорастечки аеродром во регионот поради новите летови што ги субвенционира Владата – пишува специјализираниот портал ExyuAviation. Само компанијата Визер ќе го зголеми капацитетот за дури 454 илјади седишта.

Скопје авионски се поврзува со Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака, а Охрид со Базел. Нискобуџетниот авиопревозник Визер стартува со 5 нови авиолинии. Зимскиот распоред на летање започна денска со првиот авион што полета од  Скопје кон Стокхолм. Овој пат Визер лета до главниот аеродром во Стокхолм – Арланда. Претходно леташе до аеродромот Скавста кој е значително подалеку од главниот град. Од денеска од Скопје се лета и до главниот град на италијанската област Апулија, Бари. Oд аеродромот во Охрид, пак, полета и првиот авион до Базел. Овие летови од Скопје до Стокхолм и Бари и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок. Според Вицепремиерот Александар Николоски, новите дестинации се резултат на политиките на Владата за привлекување авиолинии.

Од утре, пак ,стартува за првпат линијата Скопје – Мадрид, а се враќа на распоредот и летот до Ларнака, Кипар. До Мадрид ќе се лета 3 пати неделно во вторник, петок и сабота, а до Ларнака два пати неделно, во вторник и сабота. Од 3-ти ноември ќе се лета и кон Женева, која според Николоски е исклучително значајна дестинација , затоа што покрај туристи, се очекува да донесе и бизнисмени во Скопје. Од 15-ти декември, пак, ќе се лета кон Прага и Келн. Од април следната година треба да бидат воспоставени и авиолетовите од македонската престолнина до Будимпешта и Неапол.