Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Стојанов со велигденска порака: Христос воскресна – наша надеж и сила

Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се слави во ист ден и на Исток и на Запад, папата Фрањо повикува, сите ние како Христови ученици, да го сфатиме ова како можност за да направиме решителен чекор кон единство во врска со заедничкиот датум за Велигден.

Тој истакна дека Велигден не се случува по наша иницијатива, ниту според овој или оној календар, туку затоа што Бог „толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“.

Бог е тој што има првенство, бидејќи Тој го направи првиот чекор, и затоа не треба да се затвораме во нашите планови, нашите проекти, нашите календари, во „нашиот“ и „ваш“ Велигден. Велигден му припаѓа на Христос! „Католичката црква е подготвена да прифати датум за кој сите се согласуваат.

Реклама

Папата напомена дека оваа Јубилејна година се совпаѓа со 1700-годишнината од Соборот во Никеја (325), чиј симбол на верата „ги надминува сите поделби што го делеле Телото Христово низ вековите… да ги откриеме повторно заедничките корени на верата, да го зачуваме единството“, бидејќи оваа годишнина не е само историски спомен на Никејскиот собор, туку и обврска за денешните христијани.

Во оваа Јубилејна година до сите нека допре велигденскиот повик „Господ воскресна, надеж наша!“ Секој христијанин нека го доживее искуството на Марија Магдалена, која побрза да им ја соопшти радосната вест на учениците: „Го видов Господа“ (Иван 20,18). Тоа е средба што го менува животот: средба со единствениот Човек, кој ни дозволува да ја искусиме сета Божја добрина и вистина, кој нè ослободува од злото, но не на површен начин, моментално, туку нè избавува од него на радикален начин, нè лекува целосно и ни го враќа достоинството. Затоа Воскреснатиот беше за Марија Магдалена „нејзина надеж“, бидејќи преку него се роди за нов живот, тој и подари нова иднина, добар живот, ослободена од злото.

Воскреснатиот Христос не припаѓа на минатото, тој е жив, присутен денес како сила на надеж за својата Црква и утеха за христијанските заедници кои се најмногу искушувани од дискриминација и прогонство поради својата вера.

Тој, наша надеж, нека ни подари мир и надеж на сите, особено во регионите на оваа наша планета кои се најпогодени од страдања, во земјите каде што луѓето се изложени на големи искушенија на војна, уништување, немири и пустошења.

Во нашата средба со Него, да го слушаме и да се обратиме, а потоа со нашиот живот да посведочиме: „Го видов Господа!“

На сите Ви посакувам честит празник Воскресение Христово – Христос воскресе!

Ваш бискуп/епископ

Киро Стојанов