Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Скопје се соочува со сериозна комунална криза, на помош стигна механизација од другите градови

Главниот град, кој со денови личи на голема депонија и се соочува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот град, кој со денови личи на голема депонија и се соочува со сериозна еколошка криза поради наталожениот отпад околу контејнерите и низ улиците, конечно почна барем малку да се расчистува. Но, не од Комунална хигиена, туку со механизација од другите општини и градови, но и помош од оговрните компании. Комунални камиони од Куманово и Кавадарци денеска пристигнаа во Карпош и центар, од каде што почна да се собира ѓубрето, а помош стигна и од Илинден, Зелениково и Сопиште.

Иако работата на Комналното претпријатите и градоначалничката Данела Арсовска, сега ја вршат општините, тие ја немаат потребната тешка механизација за да ги подигнат и испразнат. Освен штанцање фејсбук статуси, и снимање видо пораки пред владата, Арсовска не ја видовме во акција за решавање на проблемот со отпадот, па еве како денеска изгледа Чаир.

Насобраниот смет создава алармантна слика, а дополнителен проблем претставуваат и кучињата скитници кои го разнесуваат ѓубрето по улиците.

Во Центар и Аеродром, состојбата е подобрена. Во Центар целосно се исчистени неколку маала – Кале, Пролет, Водно, дел од Капиштец, булеварите Водњанска и Климент Охридски, улицата Васил Ѓоргов како и уште неколку улици, а со чистењето денеска се продолжува и во Маџар Маало. Вработените во општинското јавно комунално претпријатие на Гази Баба ги исчистија мини депониите околу Железара, Автокоманда,а продолжуваат и во другите населби.
Но, купишта ѓубре може да се забележат во самиот центар, на само неколку метри од плоштадот, каде се формирани диви депонии.

Реклама

Градоначалникот Горан Герасимовски предупреди дека поради неажурноста на ЈП „Комунална хигиена“, на одредени локации веќе има појава на глодари, а по состанокот на кризниот штаб, најави конкретни мерки.

„Во делот на конкретни мерки, ќе бидат поставени помали контејнери за секојдневен отпад во густо населените делови и контејнери за кабаст материјал на стратешки локации. Апелирам граѓаните да не го оставаат сметот на улиците околу контејнерите – со тоа ќе овозможиме побрзо собирање и полесна контрола. ЈП ПОЦ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад“, изјави кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Горан Герасимовски.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со кандидатот за Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, од рано изутрината беа излезени на терен во интензивна акција на расчистување купиштата смет.

„Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ‘Комунална хигиена’ да се загрози здравјето на нашиот народ. Затоа, преземаме во свои раце! А за неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Скопје за 72 часа ќе биде чисто!“, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје, од ВМРО ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Од Левица, кандидатот за Скопје Амар Мециновиќ ја обвини власта дека намерно не прогласила вонредна состојба, иако, според него, можела да го направи тоа многу порано.

„Со оваа нова ситуација со ѓубрето каде што сакаа да се прогласи кризна состојба со ѓубрето во Скопје тоа значи дека скоегаш можеле да го направат. Но тоа значеше дека владата сакаше до крај да ги истроши скопјани до самиот крај до пред избори за да прави театар од нивното здравје“, изјави Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица.

Вработените во „Комуналец“ жалат за сотојбата и велат дека и тие се жртви. Синдикатот најави кривична против раководството на претпријатието поради доцнење на платите и лоша состојба со возниот парк. Освен полицијата и Обвинителството почна постапка – проверува како работеле Град Скопје и јавното претпријатие. Оттаму не ја исклучуваат можноста освен „Комунална хигиена“, да бидат опфатени проверки и на други институции.