Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Скопје може повторно да остане без автобуски и превоз

Скопје може повторно да остане без автобуск и превоз. Од Град Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје може повторно да остане без автобуск и превоз. Од Град Скопје се пожалија дека главниот снабдувач со горива за автобусите на ЈСП, компанијата „Пуцко петрол“, ја прекинала испораката на нафта. Но, во соопштението, нема детали дали тоа значи дека од денеска или од утре ќе престанат да возат автобусите на ова јавно претпријатие.

„Под силен политички притисок, уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“, соочен со обвиненија, затворска казна и подложен на уцени, ја прекина доставата“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од таму најавија дека ќе поведат и постапка за материјална и кривична одговорност против Асмир Јахоски и „Пуцко петрол“.

Реклама

Инаку, Јахоски е осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а за да не оди во притвор тој даде гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра. Истовремено му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во судот.