Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Скопје домаќин на Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа

Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа ќе се одржи на утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа ќе се одржи на утре и задутре во Собранието, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на институции, парламенти, правосудството, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од земјите од Југоисточна Европа, а во фокусот ќе бидат законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот надзор, механизмите за следење и собирање податоци, како и стандардите за идентификување и истражување на родово поврзани убиства.

Конференцијата ќе биде отворена утре со воведни обраќања на потпретседателката на Собранието на Северна Македонија, Весна Бендевска, генералниот секретар на ОБСЕ Феридун Х. Синирлиоглу преку видеопорака, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал и вишата советничка за родови прашања и шефица на програмата за родови прашања во Секретаријатот на ОБСЕ, Лара Скарпита.

Реклама

Првата сесија утре ќе биде посветена на „Законодавни одговори на фемицидот“, на која ќе учествуваат експерти и претставници од Советот на Европа, ОБСЕ и институциите од Малта, Хрватска, Црна Гора и Албанија.

Попладневната сесија „Од законодавство до имплементација – Парламентарен надзор како платформа за институционален дијалог и одговорност“ ќе ги опфати искуствата од Македонија, Италија и Црна Гора. Меѓу учесниците се пратеничката и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, пратеничката во италијанскиот парламент и претседателка на Анкетната комисија за фемицид и родово базирано насилство, Мартина Семензато и секретарката на Одборот за родова еднаквост на Собранието на Црна Гора, Ангелина Шарановиќ.

Во рамки на првиот ден ќе се разговара и за механизмите за следење на фемицидите, со учество на поранешната специјална известувачка на ОН за насилство врз жени и девојчиња, Дубравка Шимоновиќ, како и претставници на институции и организации од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Вториот ден, 29 септември, ќе започне со преглед на заклучоците од првиот ден и сторија од извршната директорка на Хелсиншкиот комитет на Северна Македонија, Уранија Пировска.

Потоа ќе следат сесии посветени на оперативните стандарди за идентификување и истражување на родово поврзани убиства, како и на оперативните стандарди за собирање податоци за фемицид. На нив ќе учествуваат експерти и претставници од Шпанија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово.

Конференцијата ќе заврши со презентација на препораките и следните чекори, а ќе ја затвори заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сузан Пенкса.

Целта на регионалниот настан е преку размена на искуства и добри практики да се придонесе кон унапредување на институционалните механизми за превенција, идентификување, истражување и следење на фемицидите и родово поврзаните убиства.