Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Скопјани по две години повторно со субвенции за инвертер клими

Скопјани по една година чекање ќе ги добијат субвенциите за купените инвертер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани по една година чекање ќе ги добијат субвенциите за купените инвертер клима уреди. Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата со кои 146 домаќинства што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клими во 2025 година, конечно ќе добијат по 20.000 денари. За нова клима, купно аплицирале 182 граѓани, а 36 биле одбиени. Граѓаните задоволни. За нив ваквата мерка значи пониски трошоци и растоварен семеен буџет, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Во исто време тоа што нема да се грејат на дрва, велат ќе влијае и на намалувањето на загадувањето на воздухот. За Ѓорѓиевски со инвестирањето во клима уредите, градот прави чекор напред кон почиста и поздрава животна средина.

Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје. Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Градските власти не запираат тука. Паралелно подготвуваат нови мерки – од субвенции за еколошки уреди до енергетски ефикасни решенија што треба да го направат Скопје поодржлив град. За наредната година покрај за инвертер, планирани се и субвенции за топлотни пумпи. Ѓорѓиевски најавува дека во иднина ќе се работи и на проширување на мрежата на Топлификација, со што парното греење ќе стане достапно и за домаќинствата во деловите од градот кои со години немаат таква можност. Со тоа, велат од Градот, се поставува основа за долгорочни еколошки политики, кои треба да донесат почист воздух и пониски трошоци за скопјани.