Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Скокот на цената на нафтата ги собра земјите од Г7 на итен состанок

Драматично растат цените на нафтата како последица на ескалацијата на американско-израелската војна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драматично растат цените на нафтата како последица на ескалацијата на американско-израелската војна со Иран.

Трамп порачува дека зголемувањето на цената на нафтата е мала цена што треба да се плати за светскиот мир и безбедност.

„Краткорочните цени на нафтата, кои брзо ќе паднат откако ќе се заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана, се многу мала цена што треба да се плати за Соединетите Американски Држави, светот, безбедноста и мирот. Само будалите би размислувале поинаку“, рече Трамп во објава на мрежата Truth Social.

Реклама

Аналитичарите предупредуваат дека, ако блокадата на Ормускиот Теснец би траела до крајот на март, може да се очекуваат рекордни цени на нафтата над 150 долари за барел. Околу една петтина од светските резерви на нафта се пренесуваат токму преку овој теснец.

Министрите за финансии на групата Г7 на итен состанок ќе ја разгледаат можноста за заедничко ослободување на нафта од стратешките резерви, во координација со Меѓународната агенција за енергија. Целта е да се запре наглиот пораст на цените на нафтата поттикнат од конфликтот во Заливот.

Земјите членки на Европската Унија имаат доволно резерви на нафта и гас и покрај нарушените синџири на снабдување поради војната на Блискиот Исток, порачаа од Европската комисија.

Мишко Ливрински