Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Скок на берзите по царинското повлекување на Трамп

Откако целиот свет го крена на нозе со својата одлука, Доналд Трамп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако целиот свет го крена на нозе со својата одлука, Доналд Трамп најави 90-дневна пауза на царините за повеќето земји, освен Кина, дополнително зголемувајќи ги давачките за увоз од таа земја на 125 отсто. Иако претходно со денови инсистираше дека ќе остане цврсто на својата агресивна трговска стратегија, Трамп вчера изненадувачки објави дека сите земји кои не возвратиле на американските царини ќе добијат одложување – и ќе се соочат само со сеопфатна американска царина од 10 отсто – до јули. Кога новинарите го прашаа зошто наредил пауза, американскиот претседател одговори: „Луѓето малку станаа нервозни“. „Повеќе од 75 земји“ ја контактирале американската федерална влада „за да преговараат за решение“. Сепак, Трамп се задржа цврсто на плановите да го таргетира Пекинг. Претходно Кина објави царини од 84 отсто на увозот од САД. Пекинг вети дека ќе се бори до крај. Весникот „Чајна Дејли“ синоќа објави дека попуштањето пред американскиот притисок не доаѓа предвид.

Веднаш по веста за одложувањето на американските царини, берзите пораснаа. Тајванската берза забележа раст од 9,2% утрово, јапонскиот индекс Никеи порасна за 7,2%, а јужнокорејскиот Коспи за повеќе од 5%. Австралиската берза оствари скок од над 6%.

Индексот Даун на Вол Стрит порасна за речиси 8% по објавата на Трамп, а технолошкиот индекс Насдак за 12,2%, што му е најдобриот ден во последните 24 години.

Реклама

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира „реципроцните“ царини на 90 дена, нагласувајќи дека ЕУ останува посветена на конструктивни преговори со Соединетите држави, со цел да се постигне непречена и заеднички корисна трговија.