Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Скандалозна реакција на бугарските европратеници за извештајот за Македонија на Томас Вајц: Поднесени се 313 амандмани

Вкупно 313 амандмани доставиле европратениците на предлог-извештајот на известувачот на Комитетот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 313 амандмани доставиле европратениците на предлог-извештајот на известувачот на Комитетот на надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц.

Најголемиот дел од нив, очекувано, се од бугарски и грчки европратеници, како што информираа дописничката мрежа на Македонската информационна агенција од Брисел. Повеќето од нив дообјаснуваат или дополнуваат некои делови од документот, но има и такви со кои во извештајот се вметнуваат нови содржини или оценки. Така, според дописникот на МИА од Брисел, европратениците Еманиул Фрагоc и Галато Александрики од екстремно десничарската и националистичка партија Грчко решение, предлагат „замена на зборовите во кои стои името на државата со зборот ‘Скопје’ во текстот на целата резолуција“.

Бугарскиот европратеник Ивајло Валтчев од партијата Има таков народ на Слави Трифунов предлага во воведниот дел на извештајот по алинејата 4 „имајќи ги предвид заклучоците на Европскиот совет од 19-20 јуни 2003 година, вклучително и неговиот анекс насловен „Солунската агенда за Западен Балкан: Движење кон европска интеграција“, да се додаде алинеја 4А која би гласела „имајќи го предвид договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, потпишан на 1 август 2017 година и ратификуван во јануари 2018 година“. Известувачот Вајц како алинеја 4А го предлага текстот „имајќи го предвид самитот во Софија од 10 ноември 2020 година, вклучително и декларацијата за заедничкиот регионален пазар и декларацијата за зелената агенда за Западен Балкан“, додека либералните европратеници Ден Барна од Сојузот Спас на Романија, Урмас Пает од естонската реформска партија (ЕР), Петрас Ауштревициус од Литванското либерално движење (ЛС) и Луција Јар од Прогресивна Словачка (ПС) заеднички предлагаат во тој дел од извештајот да се вметне алинеја „имајќи ја предвид декларацијата од Брисел на самитот на ЕУ за Западен Балкан од 18 декември 2024 година“. Европратеникот Тајс Ројтен од холандската лабуристичка партија (ПВДА) предлага додавање на алинеја 19А која би гласела „имајќи го предвид постојаното признавање на македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ“. Алинијата 19А предлага и бугарскиот европратеник Валтчев, но таа, според него, би требало да гласи: „имајќи ги предвид заклучоците на Европскиот совет од 18 јули 2022 година“, како и 19Б – „имајќи го предвид протоколот од втората седница на мешовитата меѓувладина комисија формирана според член 12 од договорот за пријателство, добрососедски односи и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија одржан на 17 јули 2022 година“.