Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Скандал: Предизборно Владата ќе именува амбасадори

Скандал во македонската дипломатија – во пресрет на избори власта брза да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал во македонската дипломатија – во пресрет на избори власта брза да пополни десетици амбасадорски фотељи кои со години стојат празни. Информацијата, која Алфа ја обелодени уште пред два месеци, денеска ја потврдија од Илинденска број 2 – велат се подготвува листа на дипломати кои ќе треба да ги пополнат испразнетите македонски амбасади. Листата ќе се најде на владина седница в четврток, велат извори од Владата. Засега извесно е само името на досегашниот советник за надворешна политика на премиерот Заев, Дане Талески. Тој ќе замине во седиштето на НАТО. За другите имиња од Владата молчат. Сепак, информираат дека изборот на новите дипломати бил усогласен со Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и оти тие биле дипломати од кариера.

Повикувајќи се на извори во МНР Алфа уште во октомври откри дека Власта тајно подготвува листа на нови амбасадори. Меѓу нив и актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи која се планира да замине во Вашингтон, професорот од Правниот факултет, Мишо Докмановиќ во Тел Авив, а дипломатката од кариера Шпреса Јусуфи во турската престолнина, Анкара.

Дека новото назначување на дипломати е спротивно на етичките норми неодамна алармираа и од Македонскиот синдикат на дипломатијата. Оттаму му порачаа на министерот Никола Димитров да го поништи огласот за упатување на дипломати во ДКП-ата, оти според нив, тоа отворало простор за политичка злоупотреба во пресрет на договорениот датум за предвремени парламентарни избори.

Реклама

А, токму актуелниот шеф на дипломатијата Димитров, пред три години го стопираше заминувањето на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски, на позицијата амбасадор во Европската Унија, оти одлуката за негово испраќање била донесена од тогашната Влада во заминување.

Инаку, Македонија има 57 дипломатско – конзуларни претставништва низ светот, а дури 27 од нив подолг период стојат се без амбасадори. Ова е резултат на коалициските недоразбирања меѓу СДСМ и ДУИ кои не можеа да се договорат околу поделбата на колачот.

Биљана Божиновска