Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Скандал по скандал: „Тепачот“ Незири место во Шутка на слобода, нарко босот Шеваљ осомничен се крие во Дубаи

Беким Незири наместо во Шутка од синоќа слободно се шета по скопските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беким Незири наместо во Шутка од синоќа слободно се шета по скопските улици. Апелација му ја прифатила жалбата, па ја укина мерката куќен притвор, а го остави поранешниот министер без пасош. Покрај него, куќниот притвор е укинат и за уште еден осомничен.

-Решенијата на кривичниот совет на првостепениот суд ги преиначи, на начин што мерката куќен притвор ја укина, а ги остави во сила определените мерки на претпазливост, кои во овој момент претставуваат доволна гаранција за обезбедување на присуството на осомничените, велат од Апелација.

Според лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, овие случувања покажуваат дека кај актуелната владејчка структура нема ништо европско, туку само доказ дека со Македонија владее мафија .

Реклама

-Тоа се тие реформи кои што ги нуди европскиот фронт, со тупаници упаѓаат во стратешки објекти, го загрозуваат авио сообраќајот, ја загрозуваат безбедноста на македонското небо и на сојузничките летала. И потоа тие истите ќе ги видите за недела- две како слободно се шетаат по улиците, бидејќи имаат свои обвинители, имаат свои судии. Не чека многу работа многу работа. Да расчистиме еднаш засекогаш со мафијата која што ја поседува Македонија, изјави Мицкоски.

Покрај случувањата со Незири, Оливер Спасовски својот мандат реши да го заврши со акција по која се пофали дека паднала групата на еден еден од најголемите криминални и нарко босови, Шеваљ Муареми. Но сепак првоосомничениот Шеваљ Муареми и уште неколкумина останаа недостапни за органите на прогонот. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека тој и другите кои се во бегство добиле дојава од власта да ја напуштат државата.

-Шеваљ Муареми кој сега сe наоѓа во бегство, а кој е првоосомничен може да се забележи во друштво со Талат Џафери, човекот кој треба да биде технички премиер. Починатиот Орхан Бајрами Оки кој исто така според објавеното во медиумите бил дел од групата што беше во друштво на Пендаровски. Оливер Спасовски, кој чекаше последен ден да спроведе акција која требаше да ја направи пред 6 години, седеше по кафеани со истите лица. Дали седенките со мафијашите се причината заради кои СДС и ДУИ ги засолнија 10-тината лица дел од нарко картелот Грчец?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кривичниот суд соопшти дека е одреден притвор за пет лица од бандата на Шеваљ Муареми од Грчец кој наводно се наоѓал во Дубаи. Сите се осомничени дека вршеле убиства и шверцувале дрога од Латинска Америка.

Матеја Петровски