Реклама
Македонија

„Сите за Палестина“ излегоа на протестен марш во Скопје

По повод Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ, кој се одбележува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ, кој се одбележува на 29 ноември, движењето „Сите за Палестина“ повторно излегоа на протестен марш во Скопје.

Тие алармираат дека и покрај најавениот прекин на огнот, насилствата продолжуваат, а цивилното население во Газа и понатаму се соочува со тешки услови за живот, вклучително и поплави и недостиг од основни добра. Тие изразуваат разочараност од реакцијата на домашните институции, оценувајќи дека тие молчат пред трагичните случувања.