Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Сите судски пресуди се во корист на пристапот до државниот каменолом кај Ореовец, контра газдите на луксузни имоти

Не побарале надомест за оштетени куќи, вили и хациенди, но побарале времено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не побарале надомест за оштетени куќи, вили и хациенди, но побарале времено запирање на работите во државниот каменолом поради наводно оштетени куќи, вили и хациенди. Контрадикторни постапки на ореовчани кои завршиле и со изгубен судски спор.

Дел од соптвениците на имоти во ова село прават се и се жалат секаде во обид да го блокираат пристапот до државниот каменолом од кој треба да се вади материјал за изградба на автопатот, дел од Коридорот 10-Д; но сите анализи покажуваат а сите институции потврдуваат дека нема ништо спорно.

Прилепскиот Основен суд донел конечна пресуда дека нема никакви пречки да продолжат активностите. Ореовчани се жалеле на Апелација, а на повтореното судење повторно изгубиле.

Реклама

Стратешкиот партнер може да продолжи без никакво ограничување со подготвителните работи, вклучувајќи привремени работи и поставување на локации.“ – се вели во пресудата од Основен Суд- Прилеп.

Во пресудата стои и дека како докази биле изведени резултати од мерни инструменти кои покажуваат дека бучавата и вибрациите не отстапуваат од дозволените  граници, а било анализирано и растојанието на каменоломот. Конечната одлука е дека нема ништо спорно.

Сите концесии за истражување и експлоатација на минерални суровини неопходни за изградба на државни патишта се издаваат со рок на важност до завршување на имплементацијата на Проектот.“- се вели во пресудата.

Инаку дел од сопствениците на куќи, вили и хациенди од Ореовец речиси две години не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој треба да се вади материјал за изградба на автопатот Прилеп – Битола.

Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште.

Симптоматично е што оние кои ја попречуваат градбата на автопатот преку блокирање на пристапот до државниот каменолом, немаат ништо против неколку приватни каменоломи кои во овој крај работат со години.