Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Сите настрадани во трагедијата во Кочани починале како последица на задушување

Задушување е причината за смртта на сите 59 жртви во несреќата која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задушување е причината за смртта на сите 59 жртви во несреќата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Обдукциите на сите починати биле завршени за краток период, а за ова биле формирани шест тимови во кои освен експерти од Судска медицина вклучени биле патолози и тимови од МВР . 70 отсто од жртвите биле на возраст помеѓу 16 и 29 години. Обдукцијата е многу важна и поради идентификација на жртвите, затоа биле користени два методи ДНК анализа и  дактилоскопија

Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи………Кај дел од нив се пронајдени изгореници од прв и втор степен, кај тројца имаше изгореници од четврт степен, меѓутоа причина за смрт е задушување. Доколку прашувате дали имало повреди од пад на некои греди – такви повреди нема. Меѓутоа, повреди и скршеници на ребра и тоа што се вика задушување заради притисок што се случува при стампедо односно компресивна асфиксија има кај четворица“, вели проф. д-р Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина. 

Облеката и личните предмети на загинатите, кои што се најдени за време на обдукциите се наоѓаат во Институтот за судска медицина и се во надлежност на Јавното обвинителство.Станков посочи дека за токсиколошките анализи ќе биде потребно повеќе време да се завршат по што ќе бидат испратени во обвинителството.

Реклама

„Ние сега ги работиме токсиколошките анализи за да утврдиме што е присутно во крвта. Меѓутоа, според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив има јаглерод моноксид. Јаглерод моноксид е многу опасен гас, без мирис и вкус и делува на централниот нервен систем, објасни Д-р Станков.

Според објаснувањето на докторите, обдукциите се клучни за да излезе правдата на виделина и да има комплетен судски процес. Тимот бил екипиран за еден час, обдукциите започнале во вечерните часови на 16-ти март, а комплетно со потврдена идентификација завршиле на 19-ти март.

https://www.youtube.com/watch?v=a5opi_ezFEk