Реклама
Прилози

Синдикатот на ЈСП: Полицијата и Обвинителство да влезе и во ЈСП – Да ја проверат набавката на нафта и делови за автобусите

По бројните проблеми со неисправни автобуси и намален број возила на улиците,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По бројните проблеми со неисправни автобуси и намален број возила на улиците, синдикатот на „ЈСП“ бара „Обвинителството“ и „Финансова полиција“ да спроведат детална истрага во Јавното сообраќајно претпријатие, исто како што тоа го направија во „Комунална хигиена“. Од таму посочуваат дека постои сомнеж дел од возилата да не се во функција заради дефектите кои настанале како резултат на неправилностите во набавките со гориво и деловите за автобуси. Генералниот секретар на синдикатот, Меџит Идризи побара надлежните институции веднаш да влезат во јавното претпријатие и да ја испитаат докрај целата постапка.

„Да се провери и во ЈСП Скопје. Чим има во комунална хигиена така криминал и криминалци, тогаш, нека проверат и во „ЈСП Скопје“ да видиме што, прво со нафтата, цената, по која цена ја набавиле нафтата, квалитетот на нафтата да се провери. Деловите, значи кога се купува делови, да видиме по која цена ги наплатиле со деловите, тоа мора да се испитуваат. И во ЈСП да видиме што направиле криминал, затоа бараме како генерален секретар на „СПАЈС“, барам да се влезе и кај нас обвинителството и финансова полиција да се испитува детали точно набавка на делови нафтата квалитетот на нафтата“, изјави Меџит Идризи од синдикатот „СПАЈС“.

Од синдикатот предупредуваат дека во моментот, повеќе од триесет возила се во дефект заради проблеми со дизните, а десетина автобуси не сообраќаат поради оштетени мотори. Велат дека ваквите дефекти може да се должат на неквалитетно гориво, но и на пропусти во сервисирањето. Исто така посочуваат и дека имаат набавено нови гуми, но по три дена откако биле донесени истите исчезнале од гаража. Претходно, Јавното обвинителство веќе почна да ја чистат „Комунална хигиена“. Само последниот тендер за сервис на возила на ова претпријатие е тежок речиси 250.000 евра. На него потпис ставил актуелниот директор од ДУИ, Сабахудин Рустеми, именуван од градоначалничката Данела Арсовска.

Реклама

Склучен тендер за технички преглед на специјални комунални возила и лесни возила 30.04.2025:

Дел од склучен тендер за сервисирање на специјални комунални возила од 03.07.2025 година – вкупната цена на понудата, без ДДВ, изнесува 14.929.950 денари, додека ДДВ-то дополнително изнесува 2.687.391 денар“.

Скопје изминатите недели се гуши во ѓубре. Контејнерите низ градот се уште се преполни, а отпадот се таложи на тротоарите. Додека градот и надлежното претпријатие бегаат од своите обврски, градоначалниците на скопските општини се борат со сопствената механизација колку што можат за да ги исчистат депониите, а граѓаните се борат да поминат по тротоарите борејќи се со расфрлани кеси. Во меѓувреме, и градоначалничката Арсовска се објаснува на социјалните мрежи, а директорот на „Комунална хигиена“ никаде го нема.

Проблемите во јавните претпријатија се провлекуваат речиси низ целиот мандат на градоначалничката Арсовска, која ќе остане запаметена по рекордниот број на смени на директори, како и по низа инциденти и несреќи со автобуси. Само во последната година имаше десетина случаи на запалени, расипани или оштетени возила. За среќа, без човечки жртви.