Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Синдикатот на ЈСП обвинува – пријавите за криминал со месеци стојат во фиока

По сомнежите за криминал со јавните набавки и неисправните автобуси, синдикатот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По сомнежите за криминал со јавните набавки и неисправните автобуси, синдикатот на ЈСП тврди дека веќе поднел пријави до Јавното обвинителство, но дека тие со месеци стојат во фиока. Дополнително, најавуваат дека во следните денови ќе достават нови материјали и до Финансова полиција, со кои, како што велат, ќе се потврдат сериозни неправилности во работењето на претпријатието.

„Ние веќе имаме поднесено пријави до Јавното обвинителство, но тие, за жал, стојат во фиока. Во ЈСП има сериозни пропусти и небрежност. Сега подготвуваме дополнителна документација која ќе ја доставиме и до Финансова полиција, за да видиме конечно дали некој ќе се охрабри да постапи.“

Од ОЈО засега немаме одговор дали се постапува по поднесените кривични пријави. Синдикатот на ЈСП бара институциите конечно да ги испитаат сомнежите за криминал со тендерите за гориво и резервни делови за автобусите. Велат дека имаат сериозни сомнежи кои укажуваат на можни злоупотреби во процесот на јавните набавки, но и на набавка на гориво со сомнителен квалитет, поради кое, според нив, биле расипани повеќе од триесет возила.

Реклама

Откако синдикатот за овие наводи зборуваше јавно, и од Финансова полиција излегоа со став дека ќе постапат штом ги добијат официјално материјалите. Од Финансова ги повикаа синдикалните претставници да ги достават сите документи. Во меѓувреме, состојбата во јавниот превоз останува критична. Дел од автобусите не се во функција, а возачите велат дека секојдневно се соочуваат со расипани автобуси и недостаток на резервни делови.