Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Бизнис

Синдикален оптимизам-  Растот на инвестициите добредојден за одржливи решенија

Новите инвестиции значат нови работни места, засилување на економската активност, зголемување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите инвестиции значат нови работни места, засилување на економската активност, зголемување на продуктивноста што природно би резултирало и со  повисоки плати во државата. Синдикатите ја поздравуваат зголемената економска активност и тоа што бројките покажаа дека во последниот квартал од 2024-та во Македонија имало рекордно ниво на странски инвестиции. Ваквиот тренд е добредојден и се очекува да ја зголеми конкурентноста на пазарот на труд,  а со тоа и  потребата од работници што ќе наметне и раст на платите

Колку повеќе има странски инвестиции, колку има домашни инвестиции, колку поголем економски раст имаме ќе се отвораат нови работни места, а тоа значи ќе има и раздвижување на пазарот на трудот, а тогаш природно платите се поголеми..… вели Ралповски.

Синдикалниот оптимизам дека се создаваат економски услови за повисоки плати во економијата е во период кога се води и битка за минималецот. Законски, минималецот во април треба да биде повисок за 1800 денари, со што платата би достигнала околу 24.300 денари. Сепак синдикатите бараат повеќе за што водат и преговори со рабоптодавачите. Барањето на Сојузот на синдикати е 500 евра со идеја  разликата во придонесите да ја плаќа државата. Ралповски е согласен дека треба да има повисоки плати, но товарот за ова да го понесат работодавачите

Реклама

Сепак еден од клучните предуслови за реален раст на платите е продуктивноста. Токму тоа е и еден од предизвиците кој ќе треба да се решава за да има и доволно квалификуван кадар за потребите на инвеститорите. Синдикатите велат дека е потребно засилено да се работи и на процесот на преквалификација и подобрување на потенцијалите на македонскиот образовен систем:

Сигурно ќе треба преквалификација затоа што нашето образование со години е девастирано. Очекувам дека тие фирми ќе најдат работници … Ние имаме трудо интензивни дејности во момент кога бараме работна сила, јас би кажал дека тие работници од трудо – интензивните дејности би требало со текот на времето да можат да се преквалификуваат и да работат на позиции во високо платени дејности, порача Ралповски.

Какви се потенцијалите на македонската економија зборува фактот дека само лани во земјава се инвестирале рекордни една милијарда и двеста и педесет милиони евра. Дополнително и најавите дека годинава ќе биде уште подобра на овој план. Паралелно, економијата треба да заживее и со засилената динамика на реализација на крупните инфраструктурни проекти, но и бранот инвестици што почна да се реализира во општините.