Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Сиљановска-Давкова за Денот на албанската азбука: Различностите се трајни општествени вредности

Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на јазикот како основен столб на националниот идентитет и поврзаноста на различностите како трајни општествени вредности во мултикултурното македонско општество.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на албанската заедница по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, посочувајќи дека јазикот е темел на националниот идентитет и колективната меморија на еден народ.

„Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука“, истакнува претседателката.

Реклама

Во честитката таа нагласува дека јазикот е основен белег на националната посебност и најсилен инструмент за градење и изразување на колективната меморија, духовното наследство и искуството на еден народ.

„Албанскиот јазик, вам Албанците ви овозможи да изразите почит кон претците, но и одговорност кон потомците. Во македонското мултикултурно општество и демократски политички систем, Албанците и албанскиот јазик имаат долга традиција на постоење во уставниот, политичкиот, економскиот, образовниот, научниот, културниот, спортскиот, медиумскиот, забавниот и секојдневниот живот“, наведува Сиљановска-Давкова.

Таа посочува дека заедничка должност е градењето општество во кое единството нема да ги негира различностите, туку ќе ги почитува и ќе ги третира како трајни општествени вредности.

Претседателката посакува 22 Ноември да не биде само ден на сеќавање, прослава и гордост, туку и поттик за нови образовни, научни и културни достигнувања на албански јазик.