Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија по повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“ – соопштија денеска од нејзиниот Кабинет.

Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис-лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ. 

Предвидено е претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер, и со гувернерката на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и глобалниот семинар во Салцбург. 

Реклама

Во пресрет на 22. Европскиот самит во Салцбург претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера таа се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. архангел Михаил” во Халејн, Република Австрија.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, пред црквата „Св. Антониј“, Сиљановска-Давкова најпрвин ја поздравија најмладите членови на македонската заедница, облечени во македонски носии. 

Во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св.

Таа ги информира за Националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.

Посебна благодарност изразија кон Маркус Данер, раководител на Парохискиот сојуз на Халејн, за можноста да го користат просторот на Католичката црква за вршење на своите верски обреди.