Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Сиљановска-Давкова: Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници на славните предци

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, истакнувајќи дека овој датум е „најсветиот македонски ден“ и симбол на вековната борба за слобода и државност.

Во својата честитка, претседателката посочува дека на 2 август 1903 година македонската републиканска идеја се остварила преку Крушевската Република, а во 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ, било реализирано правото на македонскиот народ на сопствена национална држава во која се гарантираат правата на малцинските заедници.

-Во Илинден, како што посочува  ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на партизаните до исконската цел – слободата, наведува Сиљановска-Давкова, додавајќи дека Илинден е персонификација на исконска желба, решеност, стаменост и храброст за соочување и прифаќање на личната жртва како неминовна!

Реклама

Таа истакнува дека Илинденската епопеја е македонска битова драма.

-Низ крвавите страници на тешката историја, испишани со Делчевата мисла, Каревата републиканска визија, Питугулиевата саможртва, Чентовиот трибунски дух и делата на бројни знајни и незнајни јунаци, натопени со реки од солзи, се градеше и обликуваше македонската република. Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници, а не само благодарни потомци на славните предци.  Кој, ако не ние, ќе биде чувар на илинденскиот завет? Кога, ако не сега, ќе ја оправдаме довербата на илинденците и асномците? Каква Република ќе им оставиме на нашите сакани деца и внуци?, потенцира Сиљановска-Давкова.

Во обраќањето, претседателката порачува до граѓаните дека без оглед на етничката, верската, политичката, партиската или друга припадност, мора да ја разбудиме илинденската и асномската совест и свест, влегувајќи во неминовна и неодложна борба за нашата заедничка македонска, европска, демократска република, како правна држава заснована врз начелото на поделба на власта и ефективни спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, одлучна да ги победи насилството, корупцијата и криминалот, со компетентна, етичка и ефикасна администрација, развиено цивилно општество вклучено во процесот на одлучување и објективно новинарство, бескомпромисно во одбраната на општото добро.

-Да ја градиме македонската држава како дом на среќни граѓани. Честит Илинден, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на Републиката.