Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Сиљановска-Давкова: Ресен има иднина, потребна е поголема поддршка, приоритет Преспанското Езеро

Грижата за Преспанското Езеро е основната причина поради која претседателката Гордана Сиљановска-Давкова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грижата за Преспанското Езеро е основната причина поради која претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети општина Ресен од каде најави дека во наредниот период ќе посети голем број општини и населени места низ државата. 

Изрази задоволство што е во Ресен, град, кој според неа, од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само, како што рече, заради убавината, историјата, соживотот, езерото, ретките птици, Сарајот, музејот на Татарчев, Наде Проева…

– Неслучајно почнав од Ресен, бидејќи основната причина беше грижата за Преспанското Езеро. Добив темелни податоци, меѓу кои и оној дека не е основната причина во енормното и неконтролираното користење на водата, туку во понирањето, односно во природата и дека во историјата сме имале и другпат вакви ситуации. Но, од разговорот со градоначалникот што разбрав дека да, овој град има иднина, само што има потреба од поголема поддршка, изјави Сиљановска-Давкова. 

Реклама

Забележа дека проектот „ЕУ за Преспа“ е инспиративен и темелен, за активирање или реактивирање на туризмот, земјоделството, економијата, справувањето со депониите. 

– Навистина некои од решенијава мислам дека се за првпат применети и во иднина може да бидат модел, подвлече претседателката на државата. 

Смета дека треба стратешки да се пристапи кон културниот и економскиот развој и медицинскиот туризам.

– Охрид е тука, Ресен е овде, езерата се тука. Ние мораме навистина да изградиме стратегија со која младите ќе останат овде. За среќа, вештачката интелигенција и дигитализацијата овозможуваат овде да живеете, а да работите на друго место. Но, за тоа треба еден исчекор, нагласи Сиљановска-Давкова. 

Градоначалникот на општина Ресен Јован Тозиевски изрази благодарност за укажаната чест што претседателката на државата го посети Ресен и имаше можност одблиску да се запознае со тековните проекти, убавините на Преспа, но и за проблемите со кои се соочуваат.

– Како најголем проблем го истакнавме басенот на Преспанското Езеро, каде што си дадовме заеднички обврски на поголема заедничка соработка во иднина за да го спасиме она, не само што е наше на Македонија, туку она што е вредно и за Европа и за целиот свет, изјави Тозиевски.

На средбата, додаде, разговарале и за преспанското јаболко, европските проекти, можностите што ги нудат, убавините на Преспа…

Покрај средбата со градоначалникот и членовите на Советот на Општината, Сиљановска-Давкова оствари средба и со граѓаните на Ресен, претставници на невладиниот сектор, а ги посети и Спомен музејот на Татарчеви и Домот на култура „Драги Тозија“.