Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Сиљановска-Давкова: Редно време е да се однесуваме со разбирање и взаемна почит како двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот

Секогаш кога зборуваме за други нешта зборуваме и за нашиот основен проблем,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секогаш кога зборуваме за други нешта зборуваме и за нашиот основен проблем, дека редно време е да се однесуваме така како двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот, како граѓаните, со разбирање и взаемна почит за да можеме да најдеме некое заедничко решение, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Велес на националанта конференција „Заедно сме посилни“, во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со телефонскиот разговор со бугарскиот претседател Румен Радев, претседателката рече дека посакува да се изнајде решение за проблемот, бидејќи, како што рече, судбина ни била не случајно да живееме едни до други, па дури и да се разбираме.

-Судбина ни била не случајно да живееме едни до други па дури и да се разбираме и мислам дека тоа нè обврзува. Двајцата таа траекторија ја тераме, полека мирно со разбирање и почит. Јас посакувам да најдеме решение, рече Сиљановска Давкова.

Реклама

Прашана дали ќе има билатерална средба, Давкова рече дека сигурно ќе има, но дека не може од сега со сигурност да каже.

– Сигурно ќе има, но не можам однапред да кажам тоа е на 4 април. Средбата е мултилатерална и има секогаш дебата за процесот, до каде сме и какви се заканите со растечкиот радикализам, екстремизам и тероризам. Сите знаеме дека заканите постојат овде и дека кога се во прашање со растечкиот радикализам, екстремизам и тероризам, исто така треба сите да се обединиме и да се справуваме со нив, бидејќи безбедноста, стабилноста и мирот зависи од регионалниот мир и безбедност, рече претседателката.