Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Сиљановска-Давкова: Настаните околу владата на Жељазков влијаат и на односите со Македонија

Масовните протести во Бугарија, како и барањата за нови предвремени избори  по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масовните протести во Бугарија, како и барањата за нови предвремени избори  по неуспешниот обид да се изгласа буџетот во бугарското собрание, се очекува да се одразат и кон акртуелните прашња. Според претседателката Сиљановска, со доаѓањето на премиерот Росен Жељазков се појавила извесна надеж за поголема политичка стабилност во регионот, но сега Македонија ќе се соочи со нова комплицирана ситуација во билатералните односи.

„Се надевам дека да и таму ќе се решат проблемите. Jас не можам да кажам како, дали преку уште едни предвремени избори или со рекомпонирање на самата коалиција, но важно е да има влада која што ќе може да ги води работите во државата. Да, го чув и претседателот којшто повикува на предвремени избори повторно. Тоа е значи бугарската реалност. Што се однесува до нас. Да. Јас деновиве го чув ставот уште еднаш на Европскиот Совет врзан за нас, односно за спроведувањето или за уставните измени како услов за одржување на втората меѓувладина конференција“, изјави Сиљановска – Давкова. 

Во однос на барањето излезни решенија, за Сиљановска доволно е само да се погледнат двата Устава на Македонија и Бугарија и да се види големата недоследноста во делот на уставните гаранции и почитувањето на човековите права.

Реклама

„Значи јас би била прва што ќе бара уставни измени, доколку правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикува и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги инкорпорирале во Уставот највисоките стандарди, како преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед“, изјави Сиљановска – Давкова. .

Претседателката потсети и на предупредувањата од бугарскиот Хелсиншки комитет, кои оценуваат дека не требало да се затвори постмониторинг процесот за Бугарија, бидејќи тоа остава простор за непочитување на човековите права, особено на македонското малцинство.