Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова на одбележување 100 години од основањето на научниот институт за тутун

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска учествуваше на одбележувањето на значајниот јубилеј…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска учествуваше на одбележувањето на значајниот јубилеј – 100 години од основањето на Научниот институт за тутун во Прилеп. Оваа институција, која е дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, од своето основање до денес игра клучна улога во развојот на земјоделството и тутунопроизводството во Македонија и пошироко.

„Пријатна должност е да се зборува за најстарата единица во составот на нашиот универзитет, Научниот институт за тутун, 100 години по неговото формирање. Овој век на наука и образование не е само приказна за успешен пат, туку и темел на новите искуства, иновации и глобални достигнувања во областа на земјоделството“, истакна Претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање.

Таа нагласи дека Научниот институт за тутун во Прилеп продолжува да биде двигател на знаењето и иновациите, посветен на развојот на тутунопроизводството, како и на решавање на предизвиците кои ги носат климатските промени и здравствените ризици. Претседателката истакна дека институтот не само што ја чува и унапредува традицијата, туку активно ја формира и иднината на македонското земјоделство.

Реклама

„Со врвна технологија, акредитирани лаборатории и иновативни решенија, Научниот институт за тутун ја поттикнува ефикасноста и квалитетот во производството на тутун. Во исто време, тој ја игра и улогата на глобален носител на знаење, со своите меѓународни активности и соработка со реномирани научни и истражувачки институции“, рече Сиљановска-Давкова.

Научниот институт за тутун – Прилеп е препознатлив по своите акредитирани лаборатории, меѓународната публикација Тутун/Тobacco, како и по својата посветеност на одржливиот развој и еколошката свест. Институтот има важна улога во создавањето нови сортни тутуни и во имплементацијата на најновите агротехнички решенија за подобрување на производниот процес и прилагодување на климатските промени.

Сиљановска Давкова истакна дека оваа институција ја претставува Македонија на глобално ниво, преку својата соработка со меѓународни организации како CORESTA и GLOSOLAN, и допринесува за развојот на современото земјоделство и научни истражувања во областа на тутунопроизводството.

„100 години Научен институт за тутун во Прилеп е доказ за посветеност, иновации и успех. Вие сте живо сведоштво за она што може да се постигне кога науката, традицијата и упорноста се спојат. Ви честитам на овој значаен јубилеј и ви посакувам уште многу успешни години и постигнувања“, заврши Претседателката Сиљановска-Давкова, истакнувајќи дека иако во животот не е пробала тутун, ја цени и почитува значајната улога на Институтот за развојот на земјоделството и економијата во Македонија.

Со овој јубилеј, Научниот институт за тутун – Прилеп не само што ја слави својата историја, туку и поставува нови цели за иднината, продолжувајќи да биде лидер во истражувањата, иновациите и земјоделскиот развој.