Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација на Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Претседателката вчеравечер присуствуваше на официјалниот прием за шефовите на делегациите што го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката вчеравечер присуствуваше на официјалниот прием за шефовите на делегациите што го приредија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција во кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација која денеска учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља што се одржува под покровителство на Обединетите нации. Во друштво на претседателката се и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска.

Предвидено е Сиљановска-Давкова да се обрати на пленарната сесија на конференцијата.

Реклама

Претседателката вчеравечер присуствуваше на официјалниот прием за шефовите на делегациите што го приредија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција во кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља.

„Во срдечна атмосфера се водеа инспиративни разговори, во духот на заемна почит и разбирање. Приемот се одржа во пресрет на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот под покровителство на ОН, којашто ја нагласува потребата за одржлив развој, правичен пристап до финансиски ресурси и зајакнување на глобалната солидарност. Искрена благодарност до домаќините за можноста да размениме мислења за клучните предизвици на нашето време“, напиша Сиљановска-Давкова во објава на Фејсбук.

Целта на лидерскиот собир во Севиља е изнаоѓање решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор. На конференцијата треба да биде усвоен заеднички документ „Договорот од Севиља“.