Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните интереси – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека со нејзините ставови изразени за време на посетата на Словенија „паднала на испитот“.

– Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит ни на факултет, а во Словенија докторскиот испит сум го положила со одлика, значи со највисок успех. Пред мене беа сите членови на мојата докторска комисија, иако се тоа луѓе со многу години, моите колеги исто така, амбасадори. Јас говорев на научен јазик. Говорев за уставниот инженеринг, кој не е нов феномен, кој е стар феномен, меѓутоа студијата на случај, се разбира, беше мојата земја – рече претседателката.

Таа потенцира дека никогаш и никаде не ја претставила државата на начин каков што не прилега и оти секогаш ги бранела националните интереси преку политика заснована на докази.

Реклама

– Никаде не се чувствувам инфериорно. Она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави и она што потсетува на мојата страст – уставното право. Европската Унија нема кодифициран устав, но има уставни документи. Јас сум предавала и европско уставно право и се разбира дека повикувам на основните принципи и вредности кои се толку важни за Европската Унија што за нив има и судска заштита – изјави претседателката.

Опозицискиот СДСМ преку соопштение пред два дена упати критики до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оценувајќи дека со своите ставови изнесени во Словенија ја слабее позицијата на Македонија во процесот на европската интеграција. Од СДСМ велат дека наместо „јасно и недвосмислено“ да ја потврди европската обврска за внесување на малцинствата во Уставот, Сиљановска-Давкова продолжува со, како што наведуваат, „празна реторика“.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: