Реклама
Македонија

Сиљановска – Давкова во официјална посета на Словенија, на средба Претседателката Пирц Мусар

Македонија не бара привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не бара привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет, порача од Љубљана Гордана Сиљановска Давкова. По средбата со нејзината словенечка колешка  Наташа Пирц Мусар, Сиљановска Давкова укажа на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето.  

„Да укажам на опасноста од билатерализација на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитестки прашања за кои не се преговара. Ако не сме спремни да го разбереме соседот во регионот, ако не сме спремни да го поддржиме соседот во регионот, како може да се да очекувае разбирање и поддршка во Брисел. Мислам дека тоа е логично и  очекувано, рече македонската Претседателка Давкова.

Словенечката Претседателка Пирц Мусар, изјави дека Словенија останува силна во поддршката на Македонија во нејзиниот европски пат. Најави дека ќе се залага за промена на правилата за прием на нови членки, за да нема неосновани блокади и уцени:

Реклама

„Денес Македонија е во ситуација дека пради една од државите членки не може да отоври ниту еднио поглавје. Тоа едноставно не е коректно, не е допуштено до државата клоја сака да стапи во Еу. Словенија и понатаму ќе дејствува во оваа се поголема група за иницирање на квалификувано мнозинство и се надевам дека во блиска иднина ЕУ ќе осознае дека поддршката на процесите може да го забрза членството на новите држави членки во ЕУ, ијзави Пирц Мусар.

На средбата девете претседателки потврдија дека Македонија и Словенија ќе ја продолабочат соработката која трае 35 години. Посебно во иднина фокусот ќе биде во делот на економијата, дигиталната транзиција и зелената трансформација.