Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Сиљановска-Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за Копенхашките критериуми, неопходни се гаранции

Многупати сум чула за моменти што треба да се искористат и моментот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многупати сум чула за моменти што треба да се искористат и моментот сега е врзан со влезот на Украина и Молдавија во ЕУ. Ништо не би имала против уставни измени доколку навистина се работи за одредби врзани за Копенхашките критериуми или, ако сакате, во овој случај за надминување дискриминација или за гарантирање малцински права – изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавата на известувачот за Северна Македонија во ЕП, Томас Вајц, дека земјава треба да го искористи моментот и да изгласа уставни измени за почеток на преговорите со ЕУ, претседателката го потенцира ставот за гаранции.  

– Да, го чув господинот Вајц, но јас исто така имам меморија. Многупати сум чула за вакви моменти што треба да се искористат. Навистина и сега моментот постои бидејќи е врзан и за членството на Украина и на Молдавија. Се разбира, јас во системот на поделба на власта не се осудувам да давам совети дали и кога треба да се усвојат уставните измени. Јасен е Уставот дека пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување. Освен тоа, ќе го повторам и она што повеќепати сум го кажала, ние сме рекордери во уставни измени. Исто така, и овој пат се бара уставна измена. Нашиот став е за неопходноста, за нужноста од гаранции и дека нема повторно да се појави нов, многу погоден момент, и уште едно барање за уставни измени. Ништо не би имала против уставни измени доколку навистина се работи за одредби врз Копенхашките критериуми или, ако сакате, во овој случај за надминување на дискриминација или за гарантирање малцински права – рече Сиљановска-Давкова.

Реклама

Македонскиот Устав, потсети таа, влегува во категоријата устави со силни гаранции на малциснките права, што не е случај со многу други устави, па и можеби со најголемиот број устави на земји што се членки на ЕУ. 

На прашањето за најавите за членство во ЕУ без право на глас, Сиљановска-Давкова рече дека не може да коментира идеи што ги чула од високи политичари на ЕУ и од претставници на тинк-тенк организации.

– Сегашната состојба е според актите на ЕУ. Членките имаат ист статус, имаат право на вето, важни одлуки се носат со консензус. Кога ќе се најде на маса ваков предлог, тогаш ќе размислувам или ќе одговорам – рече таа. 

Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај истакна дека ние со тоа што сме го направиле сите овие децении исто така заслужуваме да влеземе во групата на држави со кои исто така ќе се разговара за сегашниот начин на влегување во ЕУ и евентуално за некакви модалитети. 

Бегај рече дека исто како и нашата претседателка не може да коментира нешто што не го видел како документ и смета дека како земји што се дел од Европа и географски и вредносно треба да добиеме поафирмативни пораки за членство во ЕУ.