Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на влашката заедница: Власите се нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на македонската држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со претставници на влашката заедница, предводени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со претставници на влашката заедница, предводени од Стерјо Папули, претседател на Организациониот одбор за одбележување на Националниот ден на Власите.

По повод празникот, претседателката упатила честитки до припадниците на влашката заедница и истакнала дека Власите, како автохтона заедница, се нераскинлив дел од историскиот, културниот и општествениот развој на македонската држава.

Таа нагласила дека нивниот влог низ различните историски периоди, од Илинденското востание и Крушевската Република, до антифашистичката борба, има посебно место во македонската државотворна традиција. Според неа, влашката заедница и денес дава значаен придонес во културата, образованието, науката и економијата.

Реклама

Сиљановска-Давкова посочила дека бројни интелектуалци и уметници со влашко потекло оставиле белег во македонскиот, но и во поширокиот балкански и европски културен простор.

Власите укажале на предизвиците врзани за зачувувањето на влашкиот јазик и културното наследство поради растечките закани од постепено исчезнување на јазиците на малите народи. Според нив, потребни се дополнителни напори за унапредување на наставата на влашки јазик, поголем интерес кај младите за учење на мајчиниот јазик, како и поголема дигитална и медиумска присутност на влашкиот јазик.

Тие се осврнале на Препораката 1333 на Советот на Европа за унапредување на правата на Власите. Според нив, постигнат е значаен напредок, но и понатаму е потребна поддршка за зачувување на влашкиот јазик и идентитет.

Соговорниците ја информирале претседателката за иницијативата за формирање Национална установа „Центар за култура на влашката заедница“, како институција што би придонела за зачувување на влашката традиција, развој на образованието и унапредување на меѓукултурниот дијалог.

Сиљановска-Давкова изразила поддршка за заложбите на влашката заедница, оценувајќи дека културната разновидност претставува суштинска вредност на македонското општество и важен темел на демократскиот и мултикултурен карактер на државата.